На 28 ќе се инаугурира џамијата Али Паша во Охрид.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 ноември, 2019 21:25

СПРОТИВНО НА ЗАКОНОТ Али-пашината џамија во Охрид свечено ќе биде отворена на 28 ноември

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 28 ноември во 13.30 часот, свечено ќе биде отворена џамијата Али паша во Охрид, соопштуваат од Исламската верска заедница на социјалните мрежи.

На 28 ќе се инаугурира џамијата Али Паша во Охрид.

На 28 ноември 2019 год , во 13.30 часот, свечено ќе биде отворена џамијата Али паша во Охрид, соопштуваат од секторот за информации на Реисул Улема х. Сулејман еф. Реџепи, Претседател на Исламската Верска Заедница на Република Македонија.

Во март годинава изградбата на 32 метри високото минаре на Алипашината џамија во Охрид, беше запрена од страна на инспекцијата на Управата за заштита на културно наследство.

“Проблемот е во тоа што инвеститорот не се придржуваше до конзерваторското одобрение и за џамијата и за минарето. По спроведениот надзор донесено е решение за запирање на работите. Иако инвеститорот тврди дека има анекс на конзерваторското одобрение, тоа не е доставено до нас и колку што знаеме, е предмет на Основното јавно обвинителство (ОЈО). Изградбата е стопирана и има парична санкција, што исто така беше направено и минатата година. Нашите ингеренции се до тука, а понатаму ингеренциите треба да ги преземе градежната инспекција”, велеше Звонимир Николовски, раководител на секторот за превенција и инспекциски надзор на културното наследство, при УЗКН.

Се работи за објект од крајот на 15 и почетокот на 16 век и требаше да се направи стручна експертиза од страна на професори, архитекти и градежници и да се утврди дали треба да се гради минаре со височина од 32 метри.

И покрај бројните реакции на јавноста поради изградбата на минарето, која се вршеше без соодветна документација, на 28 ноември во 13.30 часот, свечено ќе биде отворена џамијата Али паша во Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.