За домашни гости карта е 30 денари, за странците картата чини едно евро.

Објавил: admin@magazin | 22 мај, 2019 14:22

СРАМОТА: Ако сакате да влезете во црква во Скопје, мора да си платите карта!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Како што се жалат туристите, во Скопје се наплаќа влез во некои од верските објекти.

Низ социјалните мрежи овие денови се прошири една слика, каде многу јасно се гледа, дека за влегување во црквата Св.Андреј на Матка, се наплаќа влез од 60 денари.

Верниците изнервирани од овој чин, велат дека е несфатливо е како може да се наплаќа по цркви каде луѓето самоволно доаѓаат.

Со овој несфатлив начин луѓето наместо да се привлекуваат да одат по верските објекти се прави истите да се оддалечуваат од црквите.

Ова не е пример само во оваа црква, затоа што во поголемиот дел од црквите во Охрид се наплаќа влез, а особено за странците, каде картата е дупло поголема.

Св. Андреја“е манастир езерото Матка, на 17 км од Скопје, во клисурата на реката Треска. Скриен е меѓу стрмните и високи карпи и претставува еден од ретките манастири во кој се зачувани повеќето натписи од времето на подигнувањето и живописувањето на црквата, значајни за нејзината историја. Посветен е на Апостол Андреја.

Црквата Св. Андреја преставува комбинација на издолжен триконхос однатре и однадвор слободен крст. северната и јужната конха всушност се апсиди што ја имаат намената на певници, а третата конха на источната страна е олтарна апсида, однадвор пет страна. Над централниот простор се издигнува купола на пандантифи.

Полукружните ниши, подредени во два реда, една над друга, ја оживуваат надворешноста на оваа мала по димензии црква. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.