На Фејсбук објавија фотографии на кои се гледа како некој по реновирање на тоалетот се што му било вишок фрлил во Езерото.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 јули, 2019 10:36

СРАМОТА: По реновирање на тоалетот, вишокот го фрлил во Охридското езеро, на длабочина од 5 метри!

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Членовите на Нуркачкиот центар „Akvatek“ во Охридското Езеро, вчера на социјалните мрежи објавија загрозувачки фотографии на кои се гледа како некој по реновирање на тоалетот, вишокот го фрлил во езерото во Охрид.

Членовите на Нуркачкиот центар “Akvatek” постојано на социјалните мрежи апелираат да се внимава што се фрла во Охридското езеро, бидејќи секојдневно се фрлаат секакви отпадоци кои го загрозуваат природното богатство на езерото.

Овој пат на социјалните мрежи објавија фотографии, како некој по реновирањето на тоалетот, вишокот го фрлил во Охридското езеро, на локацијата помеѓу Срјшче и Мостот на Желбите, 100 метри од брегот на длабочина од 5 метри.

Засега не се знае од каде е изворот на ова најново загадување на водите на Охридското Езеро, но членовите на нуркачкиот центар “Akvatek” веќе претпоставуваат дека некој после реновирањето на тоалетот, вишокот го фрлил во Охридското езеро. ФОТО: “Akvatek”

Некој си го реновирал клозетот. Секоја чест, Браво…😠🤢🤮
Локација: Помеѓу Срјшче и Мостот на Желбите, 100 метри од брегот, длабочина 5 метри.
Фото: Никола Паскали

Експертите на УНЕСКО сметаат дека Охридскиот регион треба да се најде на листата на загрозени. Претставниците на Австралија, Куба, Кувајт, Кина, Шпанија, Бразил, Тунис, Унгарија, Босна и Херцеговина побараа да се даде дополнителен период на Македонија за да се применат препораките од УНЕСКО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести