Кафулињата, рестораните и клубовите од вторник, 24. ноември ќе работат со ограничено работно време до 18 часот во наредните 10 дена. Ова е само една од мерките кои српската влада ги пропиша денеска како и најава за строги контроли за почитување на сите мерки.

Објавил: Перо Милчин | 21 ноември, 2020 13:46

Србија на чекор до тотален карантин: Затворени ќе бидат трговските центри, кафулињата, рестораните, кладилниците…

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Владата на Србија донесе седум нови мерки за справување со кризата со коронавирусот!

Кафулињата, рестораните и клубовите од вторник, 24. ноември ќе работат со ограничено работно време до 18 часот во наредните 10 дена.

Ова е само една од мерките кои српската влада ги пропиша денеска како и најава за строги контроли за почитување на сите мерки.

Втората мерка е задолжителна и безусловна употреба на опрема за лична заштита, односно носење заштитна маска, во затворен простор, како и на отворено во оние ситуации каде што не можат да се избегнат меѓучовечки контакти.

Следува забрана за сите јавни собири со присуство на повеќе од 5 лица, во затворени простории и на отворено.

Исклучени од оваа мерка се работни организации, училишта, продавници, трговски центри и слични објекти, кои подлежат на пропишаниот лимит за бројот на присутни луѓе во секое време во однос на квадратурата на објектот – или минимум 4 квадратни метри по лице.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.