Граѓаните на Србија од 21 јуни ќе можат да организираат прослави, најави премиерката Ана Брнабиќ, додавајќи дека услов за тоа е половина од возрасното население да биде целосно вакцинирано против ковид-19 дотогаш, пренесе 24 инфо!
-Од 21 јуни сакаме да ја отвориме Србија за прослави, свадби и родендени, но за да се оствари тоа, 50 отсто од полнолетното население мора да биде вакцинирано. Сега сме на 42%, односно 2.270.000 жители, изјави Брнабиќ.
Таа уште еднаш ги повика сите граѓани да се имунизираат.
-Ве молам да се вакцинирате! Ние ќе обезбедиме сè што е потребно за да завршиме со ковидот до 21 јуни“, рече таа. Српските медиуми денеска објавија дека земјата ја надминала бројката од четири милиони дадени вакцини.
Речиси секој може да се вакцинира во нашата земја, па така и странски државјани. Имаме доволно вакцини и наскоро ќе се отвориме и за граѓаните на БиХ, Северна Македонија и Црна Гора, за секој кој сака да се вакцинира. Моја порака е имаме доволно вакцини, дојдете во Србија да се вакцинирате, кажа Вучиќ.
Околу 15.000 македонски државјани веќе се вакцинираа во Србија, најголем број од нив со „АстраЗенека“, која во Македонија е достапна само за лицата над 60 години.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.