- Дали она жали што не ги убила Србите? Ова е нечуено. Замислете некој било кој од нас во Србија да изјави вакво нешто. Колинда Грабер покажала и порано агресија и антисрпство, но ова е невиден скандал, изјавил Дачиќ.

Објавил: Весна Петровска | 7 август, 2019 17:28

СРБИЈА ШОКИРАНА! Колинда:Жалам што во „Олуја“ не ги убив Србите

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

-Ме гризеше совеста. Најрадо да ја  земев пушката и да отидов на боиште, рекла Колинда Грабар Китаровиќ сеќавајќи се на акцијата во 1995 година во која се убиени 2.000, а протерани 250.000 Срби. Државниот врв на Србија згрозен од нејзината изјава,

Во сеќавање на акцијата „Олуја“ во која се убиени 2.000, а насилно се протеран над 250.000 Срби, и оваа гоидна хрватскиот државен врв буквално се тркаше во тоа кој во јавноста ќе излезе подобар Хрват или поголем србоман. Во жестоката конкуренција победата сепак ја однесе претседателката на Хрватска, Грабар Китаровиќ и тоа со изјавата дека во текот на акцијата „олуја 1995“, додека работела во Министерството за надворешни работи, толку ја гризело совест што за малку не земала пушка во раце и да оди да ги убива Србите.

Целиот државен врв во Србија згрозен од изјавата на хрватската претседателка

Голем скандал

– Најрадо би се фатила за пушката и да заминев на боиште, но сфатив дека не е работата само во мечевите и соочување со оние кои се пред вас- се исповедала завчера на одбележувањето на 24 годишнината на „Олуја“ која со низа манифестации слави како Ден од победата и Ден на хрватските бранители.

Шефот на српскта дипломатија Ивица Дачиќ за српскиот Курир изјавил дека оваа порака од Колинда Китаровиќ е голем скандал

– Дали она жали што не ги убила Србите? Ова е нечуено. Замислете некој било кој од нас во Србија да изјави вакво нешто. Колинда Грабер покажала и порано агресија и антисрпство, но ова е невиден скандал, изјавил Дачиќ.

Вакви скандалозни изјави можат ад се слушна и од останатите хрватски министри. Министерот за одбрана Дамир Кристиќевиќ отворено се закани дека хрватската војска еподготвена за нова „Олуја“.

-Сите кој денес имаат претензии на нашата земја и кои планираат да направат против Хрватска порачувам дека хрватската војска денес е подготвена за нова „Олуја“.

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин му возврати на Крстичевиќ дека „Олуја“ кон Србите повеќе нема да се случи.

– Ако во Хрватска се спремаат за некој друг, тоа е веќе нивен проблем. Немојте да им се заканувате на Србите! Србија не сака ни да стапне во Хрватска, а се помалку ја сакаат и Хрватите кои масовно ја напуштаат. Не постои земја на светот која се радува на протерување на свои државјани и не постои земја во Европа која се уште држи вештачка идеологија и пракса како што тоа го прави Хрватска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.