Министерот Чулев изрази благодарност за досегашните донации на Чешката Република за Министерството за внатрешни работи при што потенцираше дека тоа значително придонело за зајакнување на капацитетите и ефикасноста на полицијата.

Објавил: Владо Марин | 18 јуни, 2020 21:44

Средба на министерот Чулев со чешкиот амбасадор Томан

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со чешкиот амбасадор  Мирослав Томан. Тема на заедничкиот состанок беше борбата против илегалната миграција , организацијата на парламентарните избори и справување со пандемија од Covid-19. 

На средбата од страна на амбасадорот Томан беше врачено писмо од чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамачек со кое се потврдува заложбата за продолжување на учеството на чешките полициските службеници во заедничките операции на нашата јужна граница,чиј

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со чешкиот амбасадор Мирослав Томан.

професионализам и искуството се од исклучително значење за нашата држава. 

Од страна на министерот Чулев амбасадарот беше запознен за активностите кои Министерството за внатрешни работи ги презема во насока на успешна реализација на изборниот процес, како и од потребата за учество на набљудувачката мисија на ОБСЕ – ОДИХР и претставниците на меѓународната заедница, при што тој ја потенцираше важноста на донесување на здравствениот протокол кој е важен елемент во организација на изборите.

Министерот Чулев изрази благодарност за досегашните донации на Чешката Република за Министерството за внатрешни работи при што потенцираше дека тоа  значително придонело за зајакнување на капацитетите и ефикасноста на полицијата.   

Двете страни се согласија дека по завршување на изборните процес меѓусебната соработка треба  да продолжи со несмален интензитет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.