По состанокот, Николовски и Сугарески информираа за заклучоците од состанокот и реализација на мерките од Планот за борба против корупција.

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 мај, 2021 20:32

Средба Николовски – Сугарески: Преку дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор до помала корупција на граничните премини

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По состанокот, Николовски и Сугарески информираа за заклучоците од состанокот и реализација на мерките од Планот за борба против корупција.

Дигитализација на царинските постапки и елиминирање на  човечкиот фактор, го намалува ризикот од корупција, а ја зголемуваме ефикасноста и одговорноста на царинските службеници. Мораме да ги искористиме придобивките кои ги овозможува четвртата индустриска револуција и да ги употребиме за сето она што значи стратешки приоритет за државата“, рече Николовски. 

Како што истакна тој, со реализација на системските мерки од Планот за борба против корупција, воспоставуваме генерациски промени, во кои ќе се почитуваат законите, а во државната управа ќе нема место за корумпирани службеници.

„За прв пат ќе испитуваме како одредено лице го стекнало имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека ги надминува своите редовни оданочени приходи. За прв пат, ќе се проверува имотот на сегашни, но и на поранешни функционери. На овој начин го контролираме капиталот, го отвораме патот за конфискација на нелегално стекнат имот и капитал, спречуваме оштетување на буџетот и богатење врз грбот на граѓаните“, заклучи Николовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...