Иванов на 12 мај прави 10-години откако е на функцијата претседател на државата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 мај, 2019 10:53

Среќен роденден претседателе: Иванов денеска го слави 59-тиот роденден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска актуелниот претседател во заминување Ѓорге Иванов, го слави својот 59 роденден.

Иванов на 12 мај прави 10-години откако е на функцијата претседател на државата.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов е роден на 2 мај 1960 година во Валандово, а првиот мандат како претседател на државата го доби на претседателските избори пред точно 10 години, односно во 2009 година.

Ѓорге Иванов, четврти претседател на РМ (2009- 2019)

На функцијата стапил на 12 мај 2009-та, а за втор мандат е избран во 2014 година. Претседателот Иванов претходно беше професор по право и политикологија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Во текот на првиот мандат како претседател, тој оствари рекордна дипломатска агенда со преку 200 билатерални средби со шефови на држави. Преку 150 средби со премиери, претседатели на парламенти и шефови на дипломатија. Преку 100 официјални, работни и неформални посети и учества на меѓународни настани. За време на својот мандат оствари повеќе од 430 средби со странски државници, со високи претставници на меѓународни организации и со верски лидери. Беше домаќин на над 40 официјални и работни посети на шефови на држави на Република Македонија. Во Кабинетот пречекуваше илјадници граѓани од најразлични етнички и верски групи, од струкови организации, невладини организации. Тој е покровител на бројни домашни и меѓународни културни, научни и спортски настани. Одликуваше бројни поединци и институции во земјава и странство, од кои пет поранешни и актуелни шефови на држави.

За време на извршувањето на функцијата не заборава да се гледа и да разговара со студентите. Одржуваше предавања не само на сите јавни универзитети во Република Македонија, туку и на врвни странски универзитети при многу од своите државнички посети. Најдобрите студенти доаѓаа кај него и нивните сугестии и забелешки ги пренесуваше на ректорите на универзитетите и на надлежното министерство, за заедно да најдат решенија на предизвиците.
Востанови награда Најдобар млад научник. Стана препознатлив по Школата за млади лидери- низ која со нови знаења, искуства и вештини се стекнаа преку 150 млади луѓе. Со својот ангажман привлече преку 100 најреномирани универзитетски професори, државници и експерти како предавачи на Школата. Во март 2012 година во Салцбург, Претседателот беше инаугуриран за протектор на Европската академија на науките и уметностите. Во декември 2013 година, претседателот Иванов стана член на Светската академија на науките и уметностите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.