Пејачката до својата шеснаесетта година живее во Барбадос, но потоа се преселува во САД за да изгради своја музичка кариера, заедно со продуцентот Ивен Роџерс. Во исто време таа потпишува и договор со Def Jam Recordings после аудицијата со тогашниот сопственик Џеј-Зи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 февруари, 2020 16:12

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН РИЈАНА: Сексипилната, зеленоока црнка денеска го слави 32-риот роденден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сексипилната зеленоока црнка, Ријана денеска го слави својот 32-ри роденден. Таа е позната пејачка која доаѓа од Барбадос, родена на 20 февруари 1988 во Сент Мајкл. 

Пејачката до својата шеснаесетта година живее во Барбадос, но потоа се преселува во САД за да изгради своја музичка кариера, заедно со продуцентот Ивен Роџерс. Во исто време таа потпишува и договор со Def Jam Recordings после аудицијата со тогашниот сопственик Џеј-Зи.

Нејзиниот прв албум Music of the Sun , и донесе светска слава.

Во 2005, Ријана го издава нејзиниот деби албум насловен Music of the Sun, кој успева да се искачи во топ десет на американскиот Билборд 200 (албум табела) и го содржи доминантниот Билборд Хот 100 хит „Pon de Replay“. После нецелосна година го издава и вториот студиски албум, A Girl Like Me (2006), кој се искачува во топ пет на Билборд 200, а од него произлегуваат првиот американски број еден сингл на Ријана, „SOS“, како и двeтe топ десет песни „Unfaithful“ и „Break It Off“. Третиот студиски албум Good Girl Gone Bad (2007) е досега нејзиниот најуспешен албум, кој успева да се искачи на втората позиција на американскиот Билборд 200. Албумот содржи пет топ десет хитови, вклучувајќи ги американските број еден „Take a Bow“ и „Disturbia“, како и интернационалните „Umbrella“ (нејзиниот најзначаен сингл) и диско химната „Don’t Stop the Music“. Албумот беше номиниран за 9 Греми Награди, успевајќи да ја освои наградата за Најдобра рап соработка за „Umbrella“, која е соработка заедно со Џеј-Зи. Нејзиниот четврти студиски албум, Rated R го издава во ноември 2009 и успева да ја достигне четвртата позиција на Билборд 200. Првите три издадени синглови „Russian Roulette“, „Hard“ и „Rude Boy“ стигнаа до топ десет на Билборд Хот 100, со тоа што „Rude Boy“ се искачи на врвот и остана таму за време од пет напоредни недели. Loud, петтиот студиски албум на Ријана е издаден во ноември 2010. Во него се вклучени интернационалните хитови – „Only Girl (In the World)“, „What’s My Name?“ и „S&M“.

Таа успеа да ја освои наградата за најдобра рап соработка за „Umbrella“, која и донесе голема слава, а е во соработка заедно со Џеј-Зи

Ријана има постигнато голем успех, таа до сега има продадено повеќе од 28 милиони албуми и 100 милиони песни на светско ниво, што ја прави еден од најпродаваните музички артисти на сите времиња. Таа има десет број еден песни на американскиот Билборд Хот 100, од првото нејзино појавување на табелата на 11 јуни 2005, што е најголем број на хитови што некој изведувач успеал да го достигне за толку краток период. Од 18 март 2011, Рихана има продадено околу 6 милиони албуми и 28 дигитални синглови во САД. Исто така има продадено и околу 10 милиони плочи во Велика Британија. Магазинот Билборд ја назначи Ријана за дигитален артист за изминатата декада (2000-тите). Ријана има и билион гледања на нејзините видеа на YouTube, со што стана само четвртиот артист да го достигне тоа. Има земено неколку награди, вклучувајќи две Светски Музички Награди за 2007 година (Најпродаван женски музичар и Најдобар женски соло артист).

Има добиено четири Греми Награди, четири Американски музички награди и 15 Билборд музички награди.

Таа е еден од културните амбасадори на Барбадос.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.