Марко Пејчиновски денеска околу 18:30 часот тргна од Градското пристаниште во Охрид, да се обиде да преплива 64 километри во водите на Охридското езеро.

Објавил: admin@magazin | 27 август, 2019 19:58

СРЕЌНО МЛАД ХЕРОЈУ: Охриѓанецот Марко почна да го плива маратонот од 64 километри!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Со насмевка и кренати раце, 13-годишниот Марко го започна најавениот подвиг на Охридското Езеро.

Македонскиот херој Марко Пејчиновски, денеска околу 18:30 часот тргна од Градското пристаниште во Охрид, да се обиде да преплива 64 километри во водите на Охридското езеро.

Марко од Охрид ќе плива до Свети Наум, па до Струга и назад до Охрид.

Марко од Охрид ќе плива до Свети Наум, па до Струга и назад до Охрид.

Тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети, но тоа не го спречува да се впушта постојано во нови предизвици.

Предвидено е кружната патека преку езерото да ја заокружи утревечер на истото место.

Марко ќе плива во знак на поддршка на лицата со ретки болести.

Минатата година Марко успеа да исплива маратон од Св. Наум до Охрид и така стана најмладиот пливач на кој му успеало такво нешто.

СРЕЌНО МАРКО!!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести