сабота, 20 април 2024

MK/ EN/ DE



Како што објавија медиумите наводно тогаш за прв пат српската премиерка проговорила за родениот син. Таа раскажала колку многу промени настанале откако станала родител .

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 декември, 2019 17:35

Српската премиерка прв пат јавно проговори за синот – открива како ја променило родителството

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред неколку месеци српската премиерка Ана Брнабиќ со својата партнерка Милица го добија своето прво дете.

Премиерката на Србија сега за прв пат јавно реши да зборува на таа тема и открива колку ја сменило родителството.

Во мај годинава српската премиерка гостуваше на конференцијата “World minds”, каде говорела на бројни политички, но и приватни прашања кои и ги поставувал орхганизаторот и основач на истоимената организација Ролф Добели.

Српската премиерка Ана Брнабиќ после 10 години љубовна врска со докторката Милица Ѓуриќ,во февруари годинава станаа родители на машко дете, на кое му го дадоа името Игор.

Како што објавија медиумите наводно тогаш за прв пат српската премиерка проговорила за родениот син. Таа раскажала колку многу промени настанале откако станала родител .

-Морав да функционирам со многу малку спиење. Еднаш на својот тим им раскажав колку бев среќна кога бебето ждригна. Родителството менува многу нешта, рекла српската премиерка, пишува „Блиц.рс“.

Инаку 43-годишната премиерка на Србија и нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ станаа родители вофевруари годинава. Милица Ѓурѓиќ роди момче, кое парот го крсти Игор.

Убавата русокоса докторка и премиерката на Србија се во врска околу 10 години, а по добивањето на синот, се огласи и BBC.

Сите светски медиуми ја пренесоа веста за првата жена премиер во Србија, но и првата хомосексуална личност во историјата на Србија која е на местото премиер. Тогаш во речиси сите медиуми наголемо се пишуваше дека ова е навистина неочекувано во земја во која правата на припадниците на хомосексуалната заедница на се признаени, ниту пак истополовите бракови.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.