При претресот е утврдено дека М.И. во хируршката маска што ја носел на лицето, ставил три кеси со околу десет грама хероин.

Објавил: Владо Марин | 19 јули, 2020 17:12

Српскиот актер Бранко Видаковиќ уапсен со хероин

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Српскиот актер Бранко Видаковиќ е уапсен во Врачар за дрога, дознава „Објектив“. Полицијата дошла по пријава каде го пронашла М.И. (40) како излегува од гаражата во која имало хероин. Потоа, тој заедно со Видаковиќ влегол во автомобил „форд“.

Во моментот кога полицијата им пришла, М.И. се придвижил нагло наназад при што удрил во друго возило и застанал.

Откако одбил да ја отвори вратата од автомобилот, полицаецот го скршил стаклото на вратата и успеал да го извлече од автомобилот, пренесува Објектив.рс.

При претресот е утврдено дека М.И. во хируршката маска што ја носел на лицето, ставил три кеси со околу десет грама хероин.

Полицијата извршила претрес и во сомнителната гаража каде биле пронајдени осум кеси, во кои имало повеќе од 20 грама хероин, а во просториите што ги користел Видаковиќ биле пронајдени две дигитални ваги и уште две торби со повеќе од пет грама хероин.

Одреден им е притвор од 48 часа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.