Академик проф.др Бумбаширевиќ се смета за основач на микро хирурхијата во Србија, а пред тоа работел на трансплантација за коски, прсти на нозе и раце.

Објавил: Перо Милчин | 7 февруари, 2019 20:42

Српските хирурзи ја спасија раката на познатата водителка на тв Пинк

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Академик проф.др Марко Бумбаширевиќ, познатиот микро хирург денеска после операцијата се изјасни и кажа како помина операцијата на познатата водителка на ТВ Пинк Деа Ѓурѓевиќ, која рано изутринава во сообраќајна несреќа ја изгуби раката.

Kако што пишува српски kurir.rs др.Бумбаширевиќ после неговото излегување од операционата сала, звучел пресреќно што ваква тешка операција до крајот, одлично ја реализирал со неговиот тим. Познатиот хирург за српски kurir.rs после операцијата дал изјава на телефон и рече дека :

“Се работеше за рака која беше оштетена од лактот до раменото. Но и покрај тоа што раката беше оштетена ,беше и изгорена, но ние сепак успеавме да ја сочуваме и да ја зашиеме многу успешно “.

“Мртов сум уморен, крвав, испотен и не стигнав ни да се пресоблечам. Одлично ја сошивме раката. Секако, ќе мораме да ја следиме целата состојба, но очекуваме дека сосема нормално ќе може да ја користи”, објасни Бумбаширевиќ.

На прашањето колку такви операции до сега направил, бидејќи во Србија се смета за основач на микрохирургијата др Бумбаширевиќ рече :

Не можам да ги избројам. Веројатно направив доволно штом ме поставија за претседател на Европското здружение на микрохирургија, одговолил докторот.

Водителката најпрво имала лесна сообраќајка со друго возило, и кога решила да излезе од возилото да види колкава е штетата, наишол автобус кој ја изгубил контролата поради замрзнатата улица и удрил директно во неа, при што фатално и ја откинал рака.

Колку нејзината операција беше тешка и комплицирана, сликовито објаснува тој и покажува дека морале да направат 10 анастомози крвни садови или природно – вештачки направена веза измеѓу шуплинските структури во организмот на човекот.

Операцијата покрај др. Бумбаширевиќ ја изведоа првиот асистент Чедомир Вучетиќ, асистент Палибрк, Др.Петровиќ Александра и доктор Шарац на ВМА.
Академик проф.др Бумбаширевиќ се смета за основач на микрохирурхијата во Србија, а пред тоа работел на трансплантација за коски, прсти на нозе и раце.

Да се потсетиме водителката од утринската програма на српската телевизија „Пинк“ Деа Ѓурѓевиќ, утринава во шест часот доживеала тешка сообраќајна несреќа, во која, како што пренесуваат српските медиуми новинарката останала без својата рака, но за среќа лекарите успееја да и ја спасат раката која како што викаат лекарите ќе функционира нормално.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести