Српски инсајдер истакнува дека нема лиценцирано никаква емисија во Македонија

Објавил: Узунов Бобан | 22 јануари, 2019 15:49

Српски Инсајдер: Немаме врска со македонскиот Инсајдер, ќе бараме привремена забрана за емитување

Фото/Текст извор: ©insajder.net/магазин

Инсајдер продукција од Србија реагира дека македонската телевизија 1ТВ неовластено го користи логото на емисијата во проектот Македонски инсајдер и најавува дека подготвува тужба.

„Пради поврзувањето со Инсајдер кој е регионален познат формат, Инсајдер продукција прво упати опомена до телевизијата, а сега се подготвува и тужба. Инсајдер продукција во Македонија поднесе барање за признавање на логото Инсајдер, односно на името и на графичкото решение и во тек е постапката за регистрација. Во тужбата која се подонесува поради повреда на правата од пријавата за логото има и барање да се одреди привремена забрана за емитување на емисија до правна разрешница на случајот“, се вели во соопштението од Инсајдер продукција.

Сопственикот на 1 ТВ, Бојан Јовановски вели дека лиценцата што ја имаат е од Австрија и нека никаква врска со регионалниот Инсајдер, а најавува дека ќе ги стават на увид документите и ќе подготват целосно соопштение за јавноста.

Јовановски вчера рече дека Македонски инсајдер се прави по лиценциран формат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести