Сега, ти чувај не нас, таму меѓу Ангелите.

Објавил: admin@magazin | 13 декември, 2019 17:30

СРЦЕ ДА ВИ ПРЕПУКНЕ- Богдан се збогува од братучедата Јана: Јаничке, сестричке, не успеавме да те дочуваме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

После четири години битка со тешката болест, храброто срце на Јана Арсовска вчера престана да чука.

Охриѓанката Јана не издржа да се соберат потребните средства за лекување во Барселона кои се собираа повеќе од два месеци.

Пред извесно време Јана беше во Солун во приватна клиника која понуди опции за третирање на ретката и опасна болест кои се финансиски беа поповолни од клиниката во Барселона.

После четири години битка со тешката болест, храброто срце на Јана Арсовска вчера престана да чука.

Нејзиниот братучед Богдан Илиевски-Бетмен на социјалните мрежи се збогува со Јана и сподели тажни фотографии од нивното детство кога биле мали.

💔 Јаничке, сестричке…

Не успеавме да те дочуваме, тука меѓу нас.
Сега, ти чувај не нас, таму меѓу Ангелите.
Додека се сретнеме пак, пишува  Илиевски.

Јана Арсовска боледуваше од адултен неуробластом, опасен малиген тумор, од кој заболува само еден во десет милиони. Се работи за агресивен канцер, кој после повеќе од една година повторно ѝ се вратил.

По четири години борба по болници, на Јана ѝ беше одбиена државна нега.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam