Поддршката по вработен ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари, односно до 17.410 денари кај самостојните вршители на дејност. Рокот за поднесување барања е до 10 во месецот, а поддршката ќе се исплаќа до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец!

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 ноември, 2020 9:51

Стартува четвртиот пакет економски мерки за компаниите

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Стартува со реализација четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните, стопанството и за одржување на макроекономската стабилност, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Покрај мерките за директна поддршка за исплата на плати, како и директна финансиска поддршка за граѓаните, воведени се мерки за даночни ослободувања и намалување на давачките за компаниите како: намалување на ДДВ од 18% на 5% за занаетчиски услуги; намалување на стапката на ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци; плаќање ДДВ 5 дена по поднесување на пријава; одложено плаќање на аконтации за данок на добивка и данок на личен доход; и признавање на трошок за приватно здравствено осигурување и тестирање за КОВИД-19.

Преку ребалансот на Буџетот за најпогодените сектори дополнително се одвоени 412 милиони денари за поддршка на производителите, преработувачи и извозници на грозје и вино; 9,8 милиони денари за туристичките водичи; 120 милиони денари за враќање на туристичката такса за 2019 година; и 330 милиони денари за грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби.

Поддршката по вработен ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари, односно до 17.410 денари кај самостојните вршители на дејност. Рокот за поднесување барања е до 10 во месецот, а поддршката ќе се исплаќа до 15-ти во тековниот месец за претходниот месец

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...

Според податоците на Државниот завод за статистика, пак едно четиричлено семејство за да го помине месецот му се потребни приближно 50 илјади денари, од кои најголем дел, односно околу 20 илјади денари, одат само за храна и пијалоци.

Мерките за ценовниот шок од ноември, граѓаните едвај преживуваат

Кризата навлегува секој ден сè подлабоко во џебот на граѓаните, а власта планира со...