Индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ април 2019 година, изнесува 88.8.

Објавил: Владо Марин | 1 јуни, 2020 18:25

СТАТИСТИКА: Во април забележан пад на индустријата!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во април 2020 година, во однос на април 2019 година, изнесува 66.5.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање од 17.0 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 40.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизацијаопаѓање од 1.1 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај  Енергија за 8.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 22.0 %, Капитални производи за 70.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 48.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 28.5 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ април 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ април 2019 година, изнесува 88.8.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести