Овие момци од се срце навива за Вардар иако тоа не е нивни клуб и доаѓаат од Србија.„ Радувај се Македонијо“, „Вардар гордост македонска“, постојано повторуваа Сретен и Стеван.

Објавил: Весна Петровска | 4 јуни, 2019 17:05

Стеван и Сретен пресреќни: Ова го можат само Македонците , прославата на Вардар ќе ја памтиме цел живот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Со ракометарите заедно во Скопје, дојдоа и коментаторите Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, од „Арена Спорт“ телевизија, кои станаа херои заедно со ракометарите на Вардар.

Овие момци од се срце навива за Вардар иако тоа не е нивни клуб и доаѓаат од Србија.„ Радувај се Македонијо“, „Вардар гордост македонска“, постојано повторуваа Сретен и Стеван.


Тие за Сител ТВ изјавија дека голема чест им било што присуствувале на оваа прослава која никогаш нема да ја заборават.

– Ова е нешто најубаво што сме го доживеале во нашата работа, благодарение на ракометарите на Вардар и благодарение на вашата публика, Македонскиот народ кој направи ваков дочек, Историја која тешко може да се повтори, но се надеваме дека ќе биде. Мислам дека во овој момент ова само Македонци можат да го направат. Да живее Вардар затоа што без него ова не би било возможно. Ама тоа е спомен за цел живот. Гледајќи ги оние луѓе поракај автобусот, пред бината… Ова само Македонија може.

Исто така беа прашани што е она што ги направи посебни Вардар според нив.

– Тоа е немањето пари, посебно го потенцирам кое направи единство во екипата. Да загинат еден за друг. Да не гледаат кој има поголема плата а кој нема ништо. Туку сите сме исти и даваме се од себе, максималмно што можеме во моментот. Тоа го има само во РК Вардар. Постоеше некое сценарио за доделувањето на пехарот. Вардар имаше свое сценарио. Како што сите им ги расипаа плановите во Келн, така самите си го организираа овој дочек кој изгледаше спектакуларно. Е тоа е нивната магија. Секој си знае што, кој кога и во кој момент прави, зијавија коментаторите за Сител Тв.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...