Според него, хумано би било да и дозволат на Јанева да оди во Гевгелија на погребот на макја и.

Објавил: Перо Милчин | 21 август, 2019 20:11

СТЕВАН ПАВЛЕСКИ: КАТИЦА ЈАНЕВА Е ЖРТВА НА СЛУЧАЈОТ “РЕКЕТ”

Фото/Текст извор: ©фото: алсат онлине магазин

Адвокатот на осомничената специјална обвинителка Катица Јанева, Стеван Павлески во изјава за новинарите, дека Jанева е жртва во случајот „Рекет“ и дека тоа ќе го докаже.

Павлевски во изјава за медиуми рече дека штотуку бил повикан во Кривичниот суд, каде за Јанева се одлучува дали ќе и биде одредена мерката притвор на барање на Јавното обвинителство.

-Катица Јанева е човекот кој гледаше либерално на прашањата за притвор, таа е единствената која дозволуваше куќен притвор и враќање на патните исправи, но некој тоа и го зеде за зло. Јас мислам дека Катица Јанева сега е жртва на случајот и од тие причини ќе го докаже тоа, рече Павлески одговарајќи на новинарско прашање дали аргументите се на нивна страна.

Според адвокатот, хумано би било да и дозволат на Јанева да оди во Гевгелија на погребот на макја и.

Катица е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Апсењето следуваше откако Катица Јанева беше сослушана за случајот „Рекет“ вчера во присуство на адвокат.

Засега нема информации дали истрагата е проширена и на други лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести