Обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од поранешното СЈО, како и Наташа Поп Трајкова од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Струмица и Катерина Колариќ од ОЈО Скопје ќе го засилат Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска.

Објавил: Владо Марин | 22 април, 2021 12:09

Стефанова, Ајро, Пеливанов, Поп Трајкова и Колариќ се нови обвинители во тимот на Русковска

Фото/Текст извор: ©360stepeni

Тројца обвинители од поранешното СЈО и по една обвинителка од Скопје и Струмица ќе го засилат Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција!

Обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од поранешното СЈО, како и Наташа Поп Трајкова од Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Струмица и Катерина Колариќ од ОЈО Скопје ќе го засилат Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска.

Тие беа избрани на денешната седница на Советот на јавно обвинители.

Ајро, Пеливанов, Поп Трајкова и Колариќ беа избрани едногласно со 11 гласа „за“, додека Стефанова доби 10 гласа „за“. Против нејзиниот избор во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција гласаше Фиданка Рајевска од Советот на јавни обвинители.

На конкурсот за избор на 5 обвинители во ова обвинителство беа пријавени 14 кандидати. Меѓу нив имаше и други обвинители од СЈО, како Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифовска и Љубомир Лапе, но тие, како и останатите петмина други обвинители пријавени на конкурсот не ја добија поддршката од членовите на Советот на јавни обвинители. Сепак, дел од нив се пријавени и на конкурсот за обвинители во Вишото јавно обвинителство-Скопје и се очекува да бидат избрани за виши обвинители во текот на денешната седница.

Изборот на нови обвинители во Вишото скопско обвинителство е следна точка на дневниот ред.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести