На почетокот на прашање од судијата таа истакна дека не е скарана со Катица Јанева, но додаде дека не се во добри однои, објави ТВ21.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јануари, 2020 11:02

Стефанова: Не сум во добри односи со Јанева

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото плус инфо

Денеска екс- обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова која го води случајот Империја, започна со сведочење во судница за случајот Рекет.

Сведочењето на Лиле Стефанова два пати беше одложено поради двајцата адвокати на Јанева

На почетокот на прашање од судијата таа истакна дека не е скарана со Катица Јанева, но додаде дека не се во добри однои, објави ТВ21.

Обвинителката Лиле Стефанова и пред неколку месеци преку соопштение објавено на СЈО информираше дека помеѓу неа и Катица имало несогласувања.

Она што денеска го скрена вниманието е дека на денешното рочиште не се појави обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска. На нејзино место таа пратила замена, па сведокот Лиле Стефанова го испитува обвинителката Гордана Смаѓоска од истото обвинителство. 

Иако денеска не се појавија двајцата адвокати на Јанева, сепак присутна е Ирена Фрчкоска. Другиот бранител Дељо Кадиев повторно не се појави на рочиштето. Поради адвокатите на Јанева судењето се одложуваше два пати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести