Влатко Стефановски со јасен став, политика и уметност не се мешаат, било и ќе остане "Македонско девојче"

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 13:13

Стефановски: Никогаш нема да има “северно Македонско девојче”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот рок, поп и џез музичар и еден од основачите на групата „Леб и сол“, Влатко Стефановски, изразува увереност дека „македонско девојче“ ќе си остане такво и нема да стане „северномакедонско девојче“ и ако успее процесот за промена на името на државата во Северна Маедонија.

„Тоа не знам, право да ви кажам. Процесот уште не е завршен, ќе видиме како тоа ќе заврши. Нема да има ‘северно девојче’ сигурно. Песната ќе остане песна и така што не знам што да ви кажам на таа тема. Прилично сме блокирани од сите страни. Се надеваме дека, сепак, ќе ги пробиеме сите тие блокади и ќе тргнеме кон некој подобар живот“, изјави Стефановски.

Прашан „како денешна Македонија се оддалечи од онаа Македонија што ја обожававме низ песната и музиката, а ја обожаваме и ден денес“, великанот на гитарата одговори:

„Па, не мислам дека се оддалечила. Таа е таму каде што беше. Но, знаете како е: мала земја, нова демократија, учиме некои нови чекори, учиме некои нови техники на преживување и на некој пат сме, кој е многу трнлив и тежок. И ќе видиме каде ќе стигнеме. Како и сите балкански нации и сите млади држави, сите се борат со некои демони. Се надевам дека ќе се избориме на крајот“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...