Во последниот извештај за 2018 година, европските пазари се посочени како главен извор на шверцот на канабис, како и силните дроги.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 март, 2019 19:15

Стејт департмент: Албанија број еден извор на канабис и земја транзит на силни дроги

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанија е земја извор на канабис и транзитна земја на кокаин и хероин, стои во последниот извештај на Стејт департментот. Имено во последниот извештај за 2018 година, европските пазари се посочени како главен извор на шверцот на канабис, како и силните дроги, и организираниот криминал.

Минатата година Стејт департментот излезе со извештај за 2017 година, каде и Албанија беше прогласена за земја лидер во перење пари. Во извештајот се наведува дека Албанија се уште е во значителен ризик од перење пари, големата корупција и слабите институции.

Како причина за зголеменото заплеменување на дрога се наведува, соработката на агенциите за спроведување на законот со меѓународните партнери, и зголемениот меѓународен притисок и напорите на Албанија за влез во Европската унија.

-Има зголемување на запленето количество кокаин кој транзитира низ Албанија кон Европа, покрај откривањето на лаборатории за обработка на хероин и кокаин во северна и централна Албанија. Албанските криминални групи тргуваат со кокаин и хероин на европските пазари од земјите во Јужна Америка и Азија, кои се извори на овој вид дрога, се наведува во извештајот.

Во извештајот,  на Стејт департментот стои дека зголемената стапка на криминал и трговијата со дрога се на повисоко ниво поради високата стапка на невработеност и слабото владеење на правото во Албанија, а се наведува и дека корупцијата на власта ја ограничува севкупната ефикасност во борбата против наркотиците.

-Официјалната корупција е широко распространета и промовира средина во која трговците со дрога се способни да дејствуваат без да бидат казнети. Обиди за искоренување на канабисот и кривично гонење на неговите одгледувачи биле многубројни, но не насекаде подеднакво. Интервенцијата во инфраструктурата на трговијата со дрога, која е создадена во текот на изминатите две децении, претставува предизвик,стои во извештајот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.