САД ја гледаат одлуката како историска шанса за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот.

Објавил: Македонка Димкин | 13 јануари, 2019 1:06

Стејт департмент со честитка: “Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и во ЕУ”

Фото/Текст извор: ©magazin

Државниот секретар на САД Мајк Помпео изјави денеска дека САД ја поздравуваат одлуката на Собранието, за усвојување на уставните амандмани неопходни за ратификација на Договорот од Преспа за решавање на спорот со името со Грција

Македонските лидери демонстрираа визија, храброст и истрајност во настојувањето да најдат решение за спорот со името, што ќе овозможи Македонија со право да го заземе нејзиното место во НАТО и Европската унија како Република Северна Македонија“,

Помпео посочи дека, САД ја гледаат вчерашната одлука како историска шанса за унапредувањето на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот. Исто така тој нагласи дека ова се многу значајни напредоци за Македонската држава

„Македонските лидери демонстрираа визија, храброст и истрајност во настојувањето да најдат решение за спорот со името, што ќе овозможи Македонија со право да го заземе нејзиното место во НАТО и Европската унија како Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.Помпео посочи дека, САД ја гледаат одлуката како историска шанса за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.