Мој совет до власта е дека е подобро од половина пат да се вратиш назад, отколку по погрешен пат да одиш до крај!

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 септември, 2019 22:01

СТОИЛКОВИЌ: “Воодушевен сум од условите во Шутка и напредокот во однос на затворениците”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Знам дека ќе молчат, знам дека лицемерието ќе ги изеде као рѓата што го јаде железото, и знам дека нивната громогласната тишина ќе го надгласа разумот, но сето тоа е веќе видена работа, пишува на социјалните мрежи Иван Стоилковиќ, македонски политичар и водач на Демократската партија на Србите во Македонија.

А где је печат?

Прво бев воодушевен од подобрените услови во затворот во Шутка и напредокот во однос на затворениците, бидејќи видов дека им овозможуваат користење на компјутери и печатачи на притворените.

Но, оваа со печатот е приказна за себе. Оваа веќе не е ни скандал! Дури и најголемите идиотарии на власта стануваат нормални, затоа и колку да се трудам, а стварно се трудам да не обрнувам внимание и да не коментирам вакви гпупарии, едноставно ме повикува здравиот разум на реакција бидејќи нормалноста веќе не постои, а кога ќе се загуби нормалноста останува многу малку простор до катастрофа.

И сега сосема логично е да се прашаат старателите на оваа власт како понатаму? Каде е сега Жбогар? И каде е сега ЕК? И каде е сега амбасадата на САД?

Да дадат одговор на прашањето, што стана со правната држава? Каде се изгуби смислата за реалноста? Што се случува со разумот, ако веќе го има и ако постои во јавниот, стручниот и политичкиот живот?

Знам дека ќе молчат, знам дека лицемерието ќе ги изеде као рѓата што го јаде железото, и знам дека нивната громогласната тишина ќе го надгласа разумот, но сето тоа е веќе видена работа.
Мој совет до власта е дека е подобро од половина пат да се вратиш назад, отколку по погрешен пат да одиш до крај!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...