Иван Стоилковиќ е македонски политичар и водач на Демократската партија на Србите во Македонија.

Објавил: admin@magazin | 30 мај, 2019 12:34

СТОИЛКОВИЌ СО ЦВРСТ СТАВ ЗА ГРУЕВСКИ: „Не гласам за одземање мандат на Груевски, образложенија имам милион„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите напиша на Фејсбук профилот дека нема да гласа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски. 

Претседателот на Демократската партија на Србите Иван Стоилковиќ, напиша на Фејсбук дека има милион образложенија, од човечки до политички зошто нема да гласа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

Образложенија имам мал милион, од човечки до политички. И замислете ќе се гласа за одземање мандат на пратеник кој доби најмногу гласови на парламентарните избори, пратеник кој пoбeди во директна пресметка со наметнатиот премиер и за таа одлука ќе гласаат луѓе кои ни нивните домашни не би ги избрале да водат куќен совет“, вели Стоилковиќ.

Иван Стоилковиќ е македонски политичар и водач на Демократската партија на Србите во Македонија.

Иван Стоилковиќ е роден во српско семејство во Куманово на 15 февруари 1962 година. Основното образование го завршува во родниот град, а потоа се запишува во Гимназијата „Гоце Делчев“ во родниот град.

По завршување на средното образование, се запишува на Правниот факултет на Скоспкиот универзитет, студирајќи во политичко-правена насока. Женет е и има ќерка и син.
Покрај српскиот, течно зборува македонски, англиски и руски јазик. Пред да стане професионален политичар 1992-2002, бил основач и директор на приватното градежно претпријатие, “LAMAX CO”, Куманово .

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...