Тоа што нема ова заробено Рускоска обвинителство да го процесуира, ќе го процесуира обвинителство кое ќе биде ослободено од стегите на Заев и власта во заминување

Објавил: Перо Милчин | 25 јуни, 2019 13:40

СТОИЛКОВСКИ: “До кога обвинителството при уши ќе се прави глуво, а при очи слепо за случајот со Курто„

Фото/Текст извор: ©Онлине магазин

Градоначалникот пулен на Заев кој тепа, навредува и омаловажува граѓанин во својот кабинет, го штити Заев кој што молчи за целиот скандал, но и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој за целиот случај наместо пријава го завериле како поплака, обвинува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пет дена поминаа, а во Јавното обвинителство никако да стигне гласот за аудио снимката во која постојат наводи дека градоначалникот на СДСМ, Курто Дудуш во својот градоначалнички кабинет бесправно лишил од слобода, измачувал, тепал и навредувал граѓанин.

Патем во Јавното обвинителство два дена се уште не виделе дека полицијата предводена од Оливер Спасовски го забошотува случајот, односно поднесената пријава само ден подоцна, кој знае под какви притисоци, била преквалификувана во обична поплака по која МВР нема обврска да делува. Уште колку долго Обвинителството при уши ќе се прави глуво и при очи слепо?

Толку ли е голем притисокот на власта овој случај да се забошоти па мораат во обвинителство вака да се однесуваат? Тоа што Заев го заштитува, одобрува и поттикнува беззаконието веќе е јасно. Но пред некој дена јасно е дека структурите на МВР го штителе ова насилство, ама сега гледаме дека и обвинителството молчи и се прави недоветно и со тоа се претвора во соучесник на оваа политичко-институционална насилничка банда која што измачува граѓани.

На обвинителството треба да им биде јасно дека Курто Дудуш, СДСМ, Оливер Спасовски и Зоран Заев прават се овој скандалозен случај да не добие разрешница и доколку се утврди вина и соодветно да се санкционира. – вели тој.

– Тоа што нема ова заробено Рускоска обвинителство да го процесуира, ќе го процесуира обвинителство кое ќе биде ослободено од стегите на Заев и власта во заминување. Граѓаните гледаат дека овој криминално насилнички картел е во распад и следи период кога што ќе има одговорност за сите од власта на Заев кои го тероризираа, пљачкаа и осиромашува овој народ, но и за сите оние кои тоа го штитеа. – вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...