Но, не е само Скопје загаден град во државава. Загаденоста е огромна низ цела Македонија. Граѓаните буквално се гушат.

Објавил: Весна Петровска | 31 октомври, 2019 14:42

Стоилов:И вашите деца го дишат истиот воздух

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Ракометарот на Македонската ракометна репрезентација и капитен на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов реагира на енормното загадување на воздухот, во ситуација кога зимата се уште не е дојдена.

– И вашите деца го дишат истиот воздух, напиша тој.

За потсетување, Скопје е меѓу првите 10 загадени во светот.

Сервисот „Ер Вижуал“ кој постојано ја следи состојбата на загадувањето на воздухот во големите градови во светот претпладнево го стави Скопје на врвот на светската листа, со индекс од 217 според AQI.

По Скопје е Дака, Бангладеш, со индекс 189, па Чонгќинг во Кина со иста вредност. Подолу, со индекс 186 е Вухан, Кина, па Калкута со 166.

Но, не е само Скопје загаден град во државава. Загаденоста е огромна низ цела Македонија. Граѓаните буквално се гушат.

Освен во Скопје, вечерва најзагадено е во Струмица.

Струмица во ноември 2012 стана прва системски гасифицирана општина во Република Македонија. Струмица во јануари 2019 е најзагадениот град во Македонија, позагаден и од Скопје. Нели гасификацијата ќе го решеше загадувањето со воздухот? Кога се даваат површни пароли, тогаш имаме ваква реалност, се вели во реакцијата-анализа од 02 Коалиција.

Граѓаните го изразуваа својот револт кон власта, велејќи дека иако нејзините претставници ветуваа почист воздух откако ќе ја преземат власта, две години потоа нема ништо од ветеното, а загаденоста е дури и поголема.

Доктор Митов: Градот бил најзагаден во светот, ако сме нормална држава ќе слушневме итни мерки

И докторот Александар Митов негодува што државата не презема мерки за загадениот воздух.

Тој на својот Фејсбук профил напиша:

„Штом осамне ваква вест, дека градот бил најзагаден ВО СВЕТОТ, следното утро треба да ги прочитаме и овие две вести:

1. Утрово Владата заседаваше и ги донесе следниве ИТНИ мерки: …

2. Алтернативниот министер за животна средина одржа прес конференција и ги предложи следниве итни мерки: …

Така би требало да се постапи, ако сме нормална држава или барем се стремиме да бидеме некогаш таква“-напиша докторот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.