Стоилов уште на финалето во СЕХА-лигата објави дека на еден од најомилените ракометари на вардаровата публика ќе му допушти сезонава да ги крене сите трофеи.

Објавил: Перо Милчин | 2 јуни, 2019 20:42

СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ ОСТАНА НА ЗБОРОТ: Карачиќ го крена пехарот во Келн !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Стојанче Стоилов, капитенот на Вардар, си остана на дадениот збор и му допушти на Иван Карачиќ да го дигне трофејот за втората европска титула на црвено-црните во историјата, зашто хрватскиот репрезентативец го одигра последниот меч пред заминувањето летово во Кјелце.

Македонскиот капитен на Вардар, Стојанче Стоилов уште на финалето во СЕХА-лигата изјави дека на еден од најомилените ракометари на вардаровата публика ќе му допушти оваа сезона да ги крене сите трофеи.

Хрватот Карачиќ е избран за најдобар играч (МВП) на финалето денеска на фајнлфорот во Лигата на шампионите.

Тој достоинствено и херојски го изигра овој фајнлфор, со температура од 39 степени, па вчера во полуфиналето се повреди и на раце беше изнесен од теренот. Херојот ништо не го спречи за да игра денеска и да биде главен на теренот и заслужено да ја понесе наградата за МВП.

Меѓу првите честитки за новата титула на Вардар дојде од ривалот од полуфиналето Барселона.

Секоја чест за шпанскиот гигант кој веднаш му оддаде чест на нашиот тим.

Меѓу честитките се придружија претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести