Тој на својот профил упати благодарност до својот клуб со кој успеа по втор пат да се радува на титулата европски шампион, до комитите за кои вели дека никогаш не ги оставиле и за целиот Балкан и Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јуни, 2019 22:56

Стоилов со емотивна порака на Фејсбук: Од срце ви благодарам, ова е за сите вас

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Капитенот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Стојанче Стоилов по вчерашниот пречек од комитите и сите граѓани кои едногласно на плоштадот Македонија пееја во еден глас за Вардар, денеска се обрати на Фејсбук. 

Стоилов е капитен на Р.К ВАРДАР кој по втор пат со својот тим ја освојува титулата Европски првак

Тој на својот профил упати благодарност до својот клуб со кој успеа по втор пат да се радува на титулата европски шампион, до комитите за кои вели дека никогаш не ги оставиле и за целиот Балкан и Македонија.

За сите вас кои вчера чекавте, чекавте и не дочекавте да ја прославивме втората EHF Champions League титула!

За ова чудо од клуб RK Vardar!
За Саздо🖤 и Komiti Skopje кои никогаш не не оставија и до крај веруваа во нас!
За цел Балкан, за Македонија, за Скопје и за сите македонски градови и села!
За сите вас!
Од срце❤️ ви благодарам, без вас сево ова немаше да биде возможно!
#ЕднаЉубовЕденЖивот
#ОдимеНаТретаТитула, напиша на Фејсбук Стојанче Стоилов.

❤️🖤🏆❤️🖤

Инаку на вчерашната грандиозна прослава на плоштадот Македонија, која беше организирана во чест на вардарци, насобраниот народ најголемите заслуги му ги препиша токму него, на капитенот Стојанче Стоилов.

Од илјадници грла се слушаше: „Столе, ти си наша икона“!

Стоилов ги поздрави присутните и се обрати со гордост не криејќи ја среќата што по втор пат во овој клуб ја освојува европската титула.

„Добро вечер, Скопје, добро вечер Македонија. Ова вторпат го кажувам: Скопски Вардар – европски првак. Овие што ги гледате зад мене, тоа се најголемите амбасадори на нашата држава. Голем голем дел од нив не се Македонци и еден ден ќе си отидат во нивните држави. Ќе кажуваат, си беше еднаш еден Вардар, во една Македонија. Верувајте – најубавиот дел од нивните кариери ќе им биде Вардар. Да живее Вардар, да живее Македонија“ – рече капитенот Стоилов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...