Сите пофалби одат на контото на капитенот Стојанче Стоилов кој и денеска уште еднаш покажа како се сака Вардар.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јуни, 2019 21:36

Стоилов: Ја победивме Барселона, следен е Веспрем

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вардардарци уште еднаш покажаа зошто Македонија треба да е горда на својот првак. Денеска со неверојатна игра во второто полувреме Вардар ја победи Барселона, и слободно може да кажеме дека македонскиот тим повторно застана на нозе. Со неверојатна победа над Барселона, вардарци утре ги очекува финалниот натпревар со Веспрем каде ќе се бори за шампионската титула.

Стојанче Стоилов е капитен на РК Вардар

Сите пофалби одат на контото на капитенот Стојанче Стоилов кој и денеска уште еднаш покажа како се сака Вардар. Тој ги предводеше своите колеги на теренот а за првото полувреме од мечот вели дека било неправедно и дека нивното искуство и квалитет на крајот излезе на површина.

Откако Вардар успеа да обезбеди триумф над Барселона сега е јасно дека утре не очекува тежок натпревар, но Вардар ќе ја покаже својата големина и машки како и до сега ќе се бори за титула.

„Го победивме најдобриот тим во светот, Барселона. Затоа сега Веспрем треба да мисли за нас,а не ние за нив. Веспрем има поголем ростер, но еден натпревар е. Колку и да си изморен во 60 минути можеш да вложиш максимум, а потоа ќе има време за одмор“, коментираше капитенот на Вардар.

Иако нашите шампиони во еден момент губеа со седум голови разлика (26:19), до крајот на натпреварот направија чудо и победија со резултат 27:29. Утре сите заедно да стискаме палци и да навиваме за Вардар, да ги бодриме нашите момци кои пишуваат историја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...