Столтенберг на денешната прес-конференција истакна дека се уште е рано за било какви прогнози бидејќи дека разговорите за ова прашање штотуку започнале и бараат постигнување едногласност.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јануари, 2020 18:43

Столтенберг: Ситуацијата на Блискиот исток останува несигурна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг денеска застана на страната на американскиот претседател Доналд Трамп и истакна дека не залудно тој побарал зголемено присуство на НАТО на Блискиот исток.

Столтенберг првите чекори во политиката ги направил во неговите рани тинејџерски години, под влијание на неговата сестра Камилија, која во тоа време била член на тогаш Марксистичко–ленинистичката група „Црвена младина“ (“Red Youth”). Спротивставувањето на Виетнамската војна била негов предизвик за мотивација. По тешките операции на бомбардирање на северниот виетнамски пристанишен град Хај Понг на крајот на Виетнамската војна, Столтенберг учествувал во знак на протест на собирите пред амбасадата на САД во Осло, кога прозорците на амбасадата биле скршени од демонстрантите. Неколку од Столтенберговите пријатели биле уапсени од страна на полицијата по овие настани.

Столтенберг на денешната прес-конференција истакна дека се уште е рано за било какви прогнози бидејќи дека разговорите за ова прашање штотуку започнале и бараат постигнување едногласност.

Зголемувањето на нашето присуство во регионот наметнува согласност од државите што се таму, а тоа ќе одземе време, забележа Столтенберг.

Столтенберг истакна дека НАТО Алијансата има можност да одговори на барањето на Вашингтон.

По вчерашниот напад во две американски  бази во Ирак, генералниот секретар посочи дека проблемите на Блискиот исток се закана за сите, како и дека за изноѓање на решенија се неопходни политички, дипломатски, економски и воени мерки.

 НАТО и сега е присутен на Блискиот исток со своите напори во борбата со тероризмот. Најдобриот одговор на терористите не се воените операции, туку обуката на локалните безбедносни сили.НАТО го задржува своето присуство во Ирак, остануваме во тесна врска со локалните власти. Ситуацијата на Блискиот исток останува несигурна. Никој нема интерес од нов конфликт, стабилноста е важна за сите во НАТО, дополни Столтенберг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.