Столтенберг истакна дека од големо значење е членството на Македонија во Алијансата но дека  вратите на НАТО остануваат отворени и за други земји во иднина.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 декември, 2019 9:08

Столтенберг: Членството на Македонија во НАТО е добро за целиот регион

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, вчера на Самитот на Алијансата во Лондон го поздрави учеството на македонската делегација и порача дека членството на земјата е позитивен чекор за целиот регион.

– Топло ја поздравивме Северна Македонија денеска, изјави Столтенберг на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот.

Членството на Северна Македонија во НАТО е добро за целиот регион

Столтенберг истакна дека од големо значење е членството на Македонија во Алијансата но дека  вратите на НАТО остануваат отворени и за други земји во иднина.

– Членството на Северна Македонија не е добро е само за Северна Македонија, туку за регионот, тоа ќе покаже дека НАТО ја остварува политиката на отворени врати, рече генералниот секретар на Алијансата.

Македонија за прв пат учествуваше како де факто членка на еден Самит на НАТО кој траеше два дена. Се чека уште Шпанија која треба да формира влада о изборите на 10 ноември, за да  пристапниот Протокол биде ратификуван и потоа во Парламентот во Скопје.

Како што вчера изјави премиерот Заев  тој дирекно од шпанскиот премиер добил ветување дека Шпанија многу скоро, најверојатно во јануари ќе ја депонира ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја за членство во НАТО во Вашингтон.

Македонската делегација на Самитот на НАТО ја предводеше премиерот Зоран Заев, а заедно со него во Лондон заминаа  вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести