Ова упатство ќе биде во сила сè додека не се добијат официјални информации од надлежните органи на Република Србија за елиминација на сомнителна африканска свинска треска.

Објавил: Перо Милчин | 12 август, 2019 14:35

СТОП ЗА СВИНСКО МЕСО: Забранет увоз на свињи и месни производи од Србија во БиХ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

БиХ донесе упатство за привремена забрана за увоз на свињи и месни производи од Србија.

Како што изјавија од ветеринарната канцеларија на БиХ, поради сомнение за присуство на африканска свинска треска во Република Србија, донесено е упатство за привремена забрана за увоз на свињи кои не биле третирани на таков начин што африканскиот вирус на свинска треска е безбедно уништен.

Според аналитичарите ова се случува бидејќи најголемиот производител и извозник Кина веќе изгуби еден милион свињи во текот на 2019 година заради болеста.

Упатството ќе биде во сила сè додека не се добијат официјални информации од надлежните органи на Република Србија за елиминација на сомнителна африканска свинска треска.

Присуството на болеста африканска чума нема да го поскапи свинското месо на македонскиот пазар, смета претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.