Тој вели, не е патриотизам ако мафтате со знамиња, а не правите ништо за совојот народ.

Објавил: Перо Милчин | 23 ноември, 2019 13:26

Стојанче Ангелов: Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници, не сте патриоти ако мафтате со знамиња

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сакам да кажам дека лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници, рече поранешниот генерал мајор Стојанче Ангелов, претседател на коалицискиот партнер на СДСМ, Достоинство, на вечерашната трибина во Валандово.

Не е патриотизам ако мафтате со знамиња, а не правите ништо за својот народ, вели Ангелов.

„Се изнаслушавме секакви работи за Договорот со Бугарија. Но вчера можевме да го слушнеме претсеадтелот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, како на прашање на Борисов вели, цитирам „поткрепиме поткрепиме“ Договорот.

Да биде уште поинтересно се мачеше да зборува бугарски јазик иако лошо. Но она што е јасно е дека едно зборува овде на нашите луѓе а друго зборува надвор. Дрскоска отиде дотаму што, она што ние можевме да го слушнеме и да го видиме, тие се обидоа да го негираат.

Може само да препоставуваме колку лажат за други работи, рече Стојанче Ангелов.„Вистински патриотизам е она што го прави оваа Влада, економски патриотизам, кој носи придобивки за сите наши граѓани“, додаде Ангелов.

 Во видео-обраќање лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, вели дека Заев говори лаги дека ќе ги зголемува пензиите.

Според него, се до 1 јануари 2019-тата година, зголемувањето на пензиите се пресметуваше како резултат на зголемувањето на два индикатори, и тоа, првиот е раст на трошоците за живот, а вториот е половина од растот на просечната плата во државата во претходните 6 месеци од годината. И ова покачување се пресметуваше 2 пати годишно, еднаш на 1 јануари, и еднаш на 1 јули во годината.

„На 1 јануари 2019 година Заев го укина, го избриша од закон вториот индикатор за зголемување на пензиите, а тоа е растот на просечната плата во државата, и со тоа фактички ви ги намали пензиите“, тврди Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.