Андов рече дека Тито Петковски по обидот за атентатот на Киро Глигоров, исчезнал и 15 дена никаде го немало.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јануари, 2019 19:29

Стојан Андов : “Фрчкоски и Црвенкоски бараа оставка од Глигоров”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Стојан Андов во своето гостување на телевизија Канал 5 ги насочи Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски како одговорни за обидот за атентатот на претседателот Киро Глигоров и дека тој има цврсти докази и документи.

Андов рече дека Тито Петковски по обидот за атентатот на Киро Глигоров, исчезнал и 15 дена никаде го немало. Тој бара објаснување од Тито Петкоски да каже зошто баш 15 дена по атентатот од Глигоров никаде го немало и во клучниот момент не се појавил во јавноста.Тој смета дека е крајно време обвинителството да излезе и да каже со какви докази располага.

-Јас работев еден проект кој почна во 2003 година, кога издадов книга „На мој начин“, и потоа сите точки од таму се разработени во следните книги. Јас имам впечаток дека Фрчкоски читал само извадоци, а книгата е 450 страни. Таму има и докази, наведени документи. Тие докази на пример, дека Глигоров добивал смртни закани. Нашите власти тогаш ниедна закана не расчистија, тоа е првата работа. Втората е дека една група со Црвенкоски и Фрчкоски барале оставка од Глигоров, што тој лично ми го имаше кажано. 15 дена по обидот за атентат, Тито Петковски го снема. Никаде го немаше, каде беше, што се случи? Во клучниот момент го снема. Треба да објасни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.