Учествувал на Солунскиот конгрес на кој била усвоена нова идеологија и стратегија во дејствувањето.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 мај, 2019 11:32

Сто и шеснаесет години од загинувањето на Македонскиот револуционер Гоце Делчев!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Делегации на Владата и Собранието и претставници од здруженија на граѓани, општини и институции денеска од 10 часот ќе положат цвеќе на гробот на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со што ќе бидат одбележени 116 години од неговото загинување.

Во рамки на денешната манифестација „Гоцеви денови“, Камерниот оркестар на Филхармонијата вечерва од 19 часот ќе одржи концерт „Гоце 116“ на кој ќе настапат и музичари од Филхармонијата на Благоевград, Бугарија. Оркестарот ќе го води бугарскиот диригент Христо Христов и ќе изведе дела од Перголези, Сибелиус, Бах, Бетовен, Де Фаља, Маскањи, Вагнер, како и неколку композиции од Христо Христов посветени на Гоце Делчев.

Учествувал на Солунскиот конгрес на кој била усвоена нова идеологија и стратегија во дејствувањето.

Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев е македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Во Бугарија исто така му оддаваат почит на Делчев како национален херој.
Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село.

 Со Ѓорче Петров ги изработиле новиот Устав и Правилник на Организацијата. Постојат повеќе верзии за неговото загинување, изнесени од непосредните сведоци на неговата смрт.

Мајката на Гоце, Султана, била родена околу 1845-1850 година во селото Морарци (Мурарци), Кукушко. Ова село било едно од најголемите села и заедно со Кукуш стоело на чело на борбата против Цариградската патријаршија. 

Михаил Чаков истакнува дека взори бил разбуден од еден полјак од селото кој му јавил дека Баница била полна со аскер. Потоа го упатил кај Гоце за да му го соопшти истото.

Меѓутоа штом полјакот слегол доле бил прибран од аскерот. Чаков слегол долу и се упатил кон куќата каде што бил сместен Гоце. Од таа куќа излегле две девојчиња, кои му рекле и тој да се прибере во таа куќа.

При средбата, Гоце направил распоред за одбраната, а потоа, штом забележал дека војската одела по куќите и претресувала, заповедал да излезат и тргнат низ селото. Гоцевата смрт била регистрирана во повеќе османлиски телеграми. Борбата кај Баница најпрво била регистрирана во шифрираната телеграм од управата на Серскиот санџак од 4 мај 1903 година, а Гоцевата смрт во шифрираната телеграма на Солунската окружна управа од 5 мај 1903 година. Османлиското задоволство било големо. Високата порта издала официјално соопштение со што ставила посебен акцент на настанот. Во тој контекст, Хусеин Тефиков бил унапреден во аскерски полковник. Ненадејната смрт на Гоце, нашла место во дипломатските извештаи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.