Најголемиот дел од оние што се регистрирани во земјава на граничните премини транзитирале, односно 44,4 отсто, 36 процени престојувале во земјава, а 19,6 отсто оствариле еднодневна посета.

Објавил: Владо Марин | 27 јули, 2020 16:16

Странските посетители најмногу се жалат за хигиената на јавните места и патната мрежа

Фото/Текст извор: ©Kajgana.com/MIA

Патната мрежа и хигиената на јавните места добиле најниска оценка од посетителите на земјава кои биле анкетирани на граничните премини.

Оние што во текот на минатата година поминале преку граничните премини во земјава најниски оценки дале за патната мрежа и  хигиената на јавни места. Највисока оценка посетителите дале за однесувањето на луѓето.

Просечнната оценка на услугите на странските посетители на граничните премини во 2019 година, според објавените податоци на Државниот завод за статистика, изнесува 4,16.

Однесувањето на луѓето го оцениле со 4,53, археолошките и историски ресурси 4,51, природната средина 4,41, рестораните 4,37, аеродромските услуги 4,32, забавата и ноќниот живот добиле оценка 4,25, безбедноста  и здравствените услуги добиле оценка 4,19, хигиената на јавните места 3,71 и патната мрежа 3,64.

Најголемиот дел од оние што се регистрирани  во земјава на граничните премини транзитирале, односно 44,4 отсто, 36 процени престојувале во земјава, а 19,6 отсто оствариле еднодневна посета.

Според возраста, најчести посетители се меѓу 36 и 42 години, група која и најмногу транзитирала. На еднодневен престој најчесто или околу 30 проценти доаѓале посетители на возраст од 43 до 50 години, а 25 проценти биле во возрасната група од 36 до 42 години. Над 40 проценти од оние што транзитирале се оние од 36 до 42 години, а еднодневни посети најмногу или 30 отсто правале посетителите на возраст од 36 до 42 години, но и оние на возраст од 43 до 50 и од 51 до 59 години.

Посетителите најмногу трошеле во земјава на храна и пијалаци над 20 проценти од средствата, како и за забава, рекреација, здравство и слично, но оставале средства и за купување производи во трговијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Во периодот јануари-август Албанија забележа рекорден број од 7. 190. 410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година.

Во Албанија за осум месеци рекорден број од околу 7,2 милиони туристи

Албанија во изминатите осум месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони...

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.

МОНАКО – земјата со најмногу милијардери!

Монако е популарно живеалиште кај милијардерите, па така земјата стана водечка во...