Ако државата изгуби во овие меѓународни постапки, освен што ќе се одлеат милијарди евра да се обештетат компаниите, тоа ќе значи и лош имиџ за државата во однос на привлекување странски компании.

Објавил: Перо Милчин | 30 септември, 2019 8:51

Странски и домашни компании ја тужат Македонија пред арбитражните судови- Лош имиџ за привлекување на странски инвестиции!

Фото/Текст извор: ©пресинг.мк

Се зголемува бројот на странски и домашни компании и бизнисмени кои ја тужат Македонија пред арбитражните судови.

Еден од последниот случај е оној со шпанската компанија „Рубау конструксионес“ која го раскина договорот со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба на 10 километарска делница од Фариш до Дреново, затоа што не им била исплатена последната фактура.

Арбитражата ќе се води во Загреб и според министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, ангажирани се адвокатски куќи и од „Рубау“ и од Јавното претпријатие за државни патишта.

Компанијата ќе бара 10 милиони долари оштетно побарување.
Владата исто така најави дека го раскинува Договорот со Компанијата „Еуромакс рисорсис“ под образложение не ги исполнила законските услови за вршење експлоатација на рудник во Иловица, со што го одби барањето за издавање дозвола. Во моментов, како што дознаваме, од страна на компанијата поднесна е жалба во Второстепена комисија во Владата и се чека одлуката.

Инвестициона арбитражна постапка е покрената и од инвеститорите во одземената концесија за експлоатација на минерална суровина бакар, злато и сребро на локацијата Казандол во општина Валандово (Артем Скубенко, Валентин Дрожденко, Анатолиј Семинога, Игор Переверзев, Артем Кадомски, Игор Компанец, Серги Надиеждин и Володемир Скубенко). Концесија за експлоатација на минерални суровини на компанијата Сардич МЦ и беше доделена од претходната Влада во јули 2015 година.

Договорот беше раскинат во врема кога рудникот Казандол беше при крај со изградбата, а Владата донесе одлука да го раскине Договорот со главниот инвеститор – Сардич. Компанијата најави дека ќе бара оштета од 350 милиони евра.

Претходно грчката компанија „ELPET Balkaniki SA“, која е сопственик на рафинеријата „ОКТА“, покрена постапка за непочитување на договорот склучен 1999 година, со кој е продадена рафинеријата, а со кој државата се обврзува на годишно ниво од рафинеријата „ОКТА“ да набавува одредени количини на мазут. Арбитражата се однесува на непочитување на договорот за набавка на мазут до 2013 година. Грците по втор пат ја тужат земјата зашто не го испочитувала купопродажниот договор потпишан во 1999 година со кој беше обврзана да купува годишно 500 илјади тони мазут иако немаше потреба од тоа. Грчката компанија сега бара оштета од 32 милиони евра.

Компанијата „Кунико Ресурсис“ која управуваше со металуршкиот комбинат Фени индустри, исто така неодамна покрена инвестициона арбитражна постапка, која е во тек. Според информациите, најверојатно тужбата доаѓа откако стечајниот управник не ги признал побарувањата на Кунико во износ од 50 милиони евра. Не е познато колку оштета ќе бара компанијата.
Арбитражна постапка е покрената и од словенечкиот бизнисмен со македонско потекло, Блажо Тасев, за наводно нефер и нееднаков третман во постапката за продажба на рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска Каменица во 2004 година, што е дел од тогаш водената стечајна постапка за овој рудник. Откако ги изгубил сите спорови пред судовите на Северна Македонија, сега г. Тасев покрена инвестициона арбитража за истите настани. Тасев ја тужи Македонија и бара оштета од 400 милиони евра.

Арбитражна постапка е покрената и од индиските државјани Гокул Бинани и Маду Бинани, сопственици на компанијата „Индоминерали“, за поведена стечајна постапка и одземена концесија на рудниците за олово и цинк „Злетово и Тораница“, во 2015 година.

Сите покренати арбитражни постапки се последица на несоодветни одлуки, неквалитетно подготвени и штетни договори и неодговорно однесување на минатата власт, одговараат од Владата, од каде посочуваат дека се посветени да ги заштитат интересите на државата и на граѓаните кои живеат во неа.
Сепак, меѓународните инвестициски арбитражни постапки траат подолго од трговските арбитражи, поради спецификите на материјата. Неизвесно е какви ќе бидат исходите, односно дали како држава ќе добиеме или ќе изгубиме. Ако државата изгуби ќе треба да плаќа огромни суми на пари на оштетените странки.

Од Владата велат дека можен е позитивен исход, но и странските компании кои тужат исто така брифираат дека нивните права се повредени, а нивните инвестиции се заштитени со меѓународни договори, со што се сигурни дека одлуките на арбитражите ќе бидат на нивна страна.

Ако државата изгуби во овие меѓународни постапки, освен што ќе се одлеат милијарди евра да се обештетат компаниите, тоа ќе значи и лош имиџ за државата во однос на привлекување странски компании.
Владините претставници велат дека агрументите се на наша страна, но последниот збор секако ќе го има судот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...