Како што објави порталот, три лица ја преживеале тешката сообраќајна несреќа и се наоѓаат во Ургентен Центар, но се уште не се знае со какви повреди се здобиле. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јули, 2019 11:22

Страотна несреќа во Зрењанин, автомобил влетал во кафуле, три лица повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава на спојката на улицата Цар Душан со гратската магистрала, објави порталот зрењански.ком.

За порталот полицијата изјавила дека несреќата се случила утринава околу 7, часот, а во сообраќајната несреќа учествувале два автомибили. Од силниот судир, едниот од автомобилите излетал од патот, и влегол во угостителски објект „Lion pub“, кој се наоѓа покрај магистралата.

Како што објави порталот, три лица ја преживеале тешката сообраќајна несреќа и се наоѓаат во Ургентен Центар, но се уште не се знае со какви повреди се здобиле. 

Полицијата се уште е на местото на настанот, и врши увид.

За сега не е соопштено колкава е материјалната штета од сообраќајната несреќа.

ФОТО: Зрењански.ком 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести