Колку било страшно невремето вчера, раскажа Александар за српски Блиц, кој се нашол на местото на невремето, не ни помислувајќи дека ќе дојде до таква олуја.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јули, 2019 14:07

Страотно сведоштво на турист во Калитеа: Никој не очекуваше ваков ужас, започна силен ветер, снема струја и одеднаш започна олуја

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото бЛИЦ

“Се изгледаше нормално, не можевме да насетиме дека може да дојде до ваков ужас. Се се случи како на филм. Со овие зборови го започна сведоштвото Александар П. српски турист кој со своето семејство вчера заминал на летување во Калитеа.

Scene nakon nevremena u Grčkoj
Фотографии на српски Блиц, по невремето кое вчера ја зафати Грција

Колку било страшно невремето вчера, раскажа Александар за српски Блиц, кој се нашол на местото на невремето, не ни помислувајќи дека ќе дојде до таква олуја.
– Ние вчера стигнавме во Калитеа.Се делуваше нормално. Ден како и сите обични денови кои планиравме да ги поминеме на одмор. Тргнавме да прошетаме, околу девет часот вечерта по грчко време. Ни тогаш не можевме ни да насетиме дека може да дојде до вакво невреме, изјавил Александар за српски блиц.
Како што вели после еден час почнало невремето, кое најпрво било проследено со силен ветер.

– По неколку минути ненадејно снема струја, во целото туристичко место. Од тој момент како се да се случуваше на филм. Побрзавме да стигнеме во апартманот во кој бевме сместени, на 400метри оддалечен од центарот. Започна силна олуја, ветерот почна да коси се пред себе. Кога стигнавме на сто метра од апартманот во кој бевме сместени, започна да врне силен дожд проследен со силни и страшни грмотевици.Успеавме да влеземе во супермаркет каде со многу туристи почекавме да помине невремето. Во моментов се уште сме без струја и вода. Сепак очекуваме дека ситуацијата денес ќе се нормализира и дека останатите денови од одморот ќе ги поминеме на плажа и ќе уживаме, изјавил Александар за Блиц.

Извор Блиц.Рс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести