Касиљас Фернандез е шпански фудбалски голман кој настапува за Порто и Шпанскиот национален тим.

Објавил: admin@magazin | 1 мај, 2019 17:28

СТРАШНА ВЕСТ: Популарниот голман Икер Касилјас доживеа срцев удар на тренинг!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Шпанскиот голман на Порто, Икер Касилјас, доживеа срцев удар на тренинг.

Касилјас е итно префрлен во болница, но како што јавуваат странските медиуми моментално популарниот голман е надвор од животна опасност.

Спрема пишувањето на шпанските медиуми, Касилјас нема да игра до крајот на сезоната. Бившиот голман на Реал Мадрид се наоѓа во Порто од 2015 година, а на 20 мај ќе наполни 38 години.

Касиљас Фернандез е шпански фудбалски голман кој настапува за Порто и Шпанскиот национален тим.

На 4 ноември 2014 година, со настапот против ФК „Ливерпул“, Касилјас го одиграл 144. натпревар во Лигата на шампионите, со што постанал рекордер според бројот на одиграните натпревари во ова натпреварување.

Икер Касиљас потекнува од подмладокот на „Реал“. Тој играл за јуниорите во „Реал“ за сезоната 1990/1991, но тој не дебитирал во првиот состав на „Реал“ дури до сезоната 1998/1999 кого го замени Бодо Илгнер и беше во стартниот состав на Реал следната сезона.

Тој станал најмладиот голман кој играл во финале на Лигата на шампионите, кога Реал Мадрид ја победил Валенсија со резултат од 3-0, со само 19 години и 4 дена.
Касиљас ја загубил стартната позиција од Цезар Санчез по лошата игра во сезоната 2001/2002.

Санчез бил заменет од Касиљас, кој пак си ја зацврсти стартната позиција во „Реал“. Во февруари 2008, Касиљас склучил нов договор со „Реал“, со кој потпишал дека ќе остане во Реал до 2017.
Агентот на Касиљас се сретнал со претставниците на Манчестер Сити и ја одбил нивната понуда, со што се покажала верноста на Касиљас кон својот градски клуб.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.