Во несреќата загинале 14, а повредени се пет лица, пренесува „Гардијан“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 мај, 2020 13:09

СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ИНДИЈА: Воз прегази 14 работници кои заспале на пругата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Воз во Индија прегази 14 работници мигранти кои заспале на пругата. Тие се враќале во селото, откако ги изгубиле работните места поради пандемијата на вирусот корона, соопшти полицијата.

Возачот се обидел да го запре возот кога видел како работниците спијат на шините во Махараштра, држава во северна Индија, соопшти Министерството за железници, кое нареди истрага за несреќата.

Во несреќата загинале 14, а повредени се пет лица, пренесува „Гардијан“.

Десетици илјади работници оделе дома од поголемите градови во Индија, откако ги загубија своите работни места, како резултат на пандемијата на вирусот корона, кон крајот на март.

Индија е втора земја по број на жители во светот со 1,147,995,904 жители и седма по географска големина со 3,287,590 km². Главен град е Њу Делхи.

Со крајбрежје од преку 7,000 километри, Индија дели граници со Пакистан, Народна Република Кина, Мјанмар, Бангладеш, Непал, Бутан, и Авганистан. Шри Ланка, Малдивите и Индонезија се одделни островски нации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...