Како што информира СВР Кумановои од болницата во Куманово, десет работници се повредени при изведување на градежни активности на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово,

Објавил: Весна Петровска | 30 октомври, 2019 14:10

СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО КУМАНОВО: Повредени десет работници – двајца се борат за живот на КАРИЛ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Тешка несреќа во Куманово, повредени десет работници.

Како што информира СВР Кумановои од болницата во Куманово, десет работници се повредени при изведување на градежни активности на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово,

Повредените работници се префрлени во кумановскиот Ургентен центар и од нив двајца, според директорката на болницата Снежана Захариева, се префрлени на Ургентен центар на скопските клиники.

-На останатите работници им се пружа помош во кумановската Општа болница. Се вршат испитувања и нивната здрвствена состојба и понатаму ќе се следи, изјави директорката Захариева.

Од СВР Куманово потврдија дека кај нив е пријавен случај дека има повредени градежни работници и информираа дека екипите се на терен и вршат увид.

Како што дознава Сител,во тешка состојба, двајца од повредените градежни работници во Куманово се хоспитализирани на КАРИЛ.

Уште во кумановската болница биле приклучени на респиратор и така ги транспортирале и на скопските клиники. Од КАРИЛ за Сител изјавија дека повредените се во тешка состојба и во моментот им прават дијагностички процедури и не можат да прогнозираат дали се во животозагрозувачка состојба. Имале повреди на бели дробови и кичма.

Останатите осумина повредени работници се згрижени во кумановската болница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...