Автобусот заедно со возачот и 55 туристи од Германија, се преврте во среда во 18:30 часот на португалскиот остров Мадеири.

Објавил: admin@magazin | 18 април, 2019 10:08

СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ПОРТУГАЛИЈА: Во автобуска несреќа загинаа 29 лица германски државјани, 27 се повредени!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во тешка автобуска сообраќајна несреќа која се случи вчера во вечерните часови на португалскиот остров Мадеири, загинаа 29 лица, а додека пак 27 лица се повредени.

Во автобуска сообраќајна несреќа која се случи вчера околу 18:30 минути на португалскиот остров Мадеири, загинаа најмалку 29 лица, а додека пак 27 се повредени. Како што пренесе Ројтерс сите загинати се германски државјани.

Автобусот заедно со возачот и 55 туристи од Германија, се преврте во среда во 18:30 часот на португалскиот остров Мадеири.

Автобусот слетал од патот и се удрил во една куќа од населеното место, рече градоначалникот Фунчала Филипе за кабловската телевизија СИЦ. Сите загинати лица се германски државјани меѓу кои од нив 17 се жени.

Претседателот на регионалната влада Мадиере Педро Каладо, на прес конференцијата рече дека повредените возачот на автобусот и туристичкиот водич, двајцата се пренесени во градската болница.

Вчера во ноќните часови специјални екипи почнаа да ги извлекуваат остатоците од автобусот. Од како се превртел автобусот спасувачките екипи приклучиле рефлектори и го пребарувале теренот дали има нови жртви под автобусот.

Португалскиот премиер Антонио Коста на Твитер и им изјави сочувство на семејствата на загинатите, а исто така испрати и телеграм до Германската канцеларка Ангела Меркел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...