Метеролозите и денеска најавуваат нестабилно време.

Објавил: Весна Петровска | 11 јули, 2019 9:53

Страшното време направи пустош во Љубаништа – целиот камп руиниран

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Страшно невреме го зафати вчера охридското крајбрежје, силниот ветер направи вистински пустош во кампот Љубаништа, уништени се дел и од приколките и шаторите.

Фотографиите сведочат за страшното невреме.

Кампот „Љубаништа“ руиниран од синоќешното невреме

Метеролозите и денеска најавуваат нестабилно време.

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 23 до 30 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, слично време, сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Од утре до сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со умерен северен ветер.

Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.