Чудната и до сега не забележана риба во ова место се вика „риба пајак“ а како што пренесува српски „Телеграф“, годинава туристите се ќалеле дека се појавила нова опасна риба, а една Србинка дури и била ранета од рибата во пределот на палецот од ногата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јуни, 2019 15:37

СТРАШНО: Бидете внимателни, отровна риба се појави на крајбрежјето на Неи Пори и Паралија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк ФОТО: ТЕЛЕГРАФ.РС

Годинава чудна риба која за прв пат е забележана во едно од најпосетените туристички места, каде летуваат многу македонси, Неи Пори предизвика хаос кај посетителите.

Чудната и до сега не забележана риба во ова место се вика „риба пајак“ а како што пренесува српски „Телеграф“, годинава туристите се жалеле дека се појавила нова опасна риба, а една Србинка дури и била ранета од рибата во пределот на палецот од ногата.

Вака изгледа отровната риба која се појавила на крајбрежјето на Неи Пори и Паралија      ФОТО: ТЕЛЕГРАФ.РС

Исплашена и во паника, ранетата туристка веднаш побарала лекарска помош, при што докторот и рекол дека имала голема среќа што веднаш побарала помош бидејќи се работи за отровна риба. Србинката најпрво примила инјекција во палецот, на она место каде што бил убодот, а потоа примила антибиотик.

Но според други туристи оваа риба ја имало и во Паралија, која исто така ваќи за едно од најпосетените места кога станува збор за летувањето на македонците.

Ја имав таа несреќа да стапнам на отровна риба во Грција. Стапнав на неа во моментот кога трчав по песокот во водата. Одеднаш почувствував неопислива болка, не знаев што ме снајде, мислев дека ги скршив сите прсти на стапалото или дека стапнав на стакло. Меѓутоа имаше многу малку крв, а премногу болка. И да знаев за жешкиот камен и жешката вода кои помагаат немаше да се сетам во тој момент, затоа што немав поим што се случи, напишала на „Фејсбук“ девојката од Србија која претходните години имала непријатно искуство со морски пајак, пренесува Телеграф.РС.

Друг случај исто така е кога девојка исто така била касната од истата риба и раскажува дека отокот трае и до две недели.

Ми дадоа инјекција која не знам зошто служи, но одвај ми ја намали болката, а ми дадоа и рецепт за некоја маст. Епилогот на целата приказна беше тоа што цел ден чувствував болки, а стапалото ми отече толку многу што цел ден носев папучи. Отокот и понатаму не се повлече целосно ни по две недели, додала девојката.

Како што пишува порталот Телеграф.рс оваа риба вообичаено била распространета во длабочините, но годинава се забележува на крајбрежјето при што треба да бидете многу внимателни особено доколку одите на одмор со деца, бидејќи токму оние кои се со своите мали бебиња и деца најчесто се решаваат за одмор во овие две дестинации Неи Пори и Паралија.

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.