Еден од патниците турбуленциите во кабината ги снимаше со мобилен телефон.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 февруари, 2020 18:55

СТРАШНО ВИДЕО: Врискање и плачење во авионот, кој го тресеше најмоќното невреме во Европа(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Патниците на летот „EuropaUX1093“ доживеале голема непријатност што тешко ќе ја заборават во скоро време.

На аеродромот во Амстердам, силниот ветер од невремето Кира започна да ги тресе авионите, а пилотите се обидоа повеќе пати да слетаат но неуспешно.

Еден од патниците турбуленциите во кабината ги снимаше со мобилен телефон.

Невремето Кира направи голем хаос низ цела Европа, со ветровите до 200 километри на час, која на пилотите им предизвикаа многу проблеми.

Ова е најсилното невреме во Велика Британија во последните 13 години.
Сличен беше случајот со аеродромот во Цирих, каде авионите слетаа накосо.

Најмалку седум лица ги загубија животите, а повеќе беа повредени во невремето што вчера ја погоди Европа и предизвика стотици откажани летови и остави илјадници домаќинства без струја.

Во јужна Полска, две жени и една тинејџерка од исто семејство загинаа кога се сруши покривот од нивната куќа, предизвикан од ветровите кои дуваа до 100 километри на час.

На северо-исток кај Словенија, 52-годишен маж беше пронајден мртов во возило, кога дрво му паднало на неговиот автомобил.
Властите ги повикаа жителите од северните области да останат во своите домови. Во јужна Шведска, утрово беше запрен возниот сообраќај и илјадници домаќинства останаа без струја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...