Според последните податоци загинале најмалку 7 лица, меѓу кои и две деца, а повредени се околу 120 лица.

Објавил: admin@magazin | 11 јули, 2019 17:46

СТРАШНО ВИДЕО: Снимка од ураганот на Халкидики!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Грчкиот полуостров Халкидики вчера беше погодено од страшно невреме со ветар кој дуваше дури 120 километри на час, кој спаѓа во ураган од прва категорија.

Најмалку шест лица ги загубија животите во големото невреме кое беше проследено со дожд, град и со силен ветер, што синоќа го зафати грчкиот полуостров Халкидики, според грчките медиуми.

Како што јавуваа грчките медиуми, меѓу загинатите се Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се срушил покрив во таверна во местото Неа Плагија, двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа.

Десетици лица се повредени, од кои четири се во критична состојба, а се трага по уште неколкумина исчезнати.

Според последните податоци загинале најмалку 7 лица, меѓу кои и две деца, а повредени се околу 120 лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...